На мечот Данска – Русија во групната фаза на ЕП еден дански навивач успеа да стигне во центарот на вниманието со неговите „келнерски“ способности.
Данска успеа да ја преброди колективната траума по срцевиот удар на Кристијан Ериксен, па против Русите данските фудбалери го заверија пласманот во осминафиналето на ЕП. Таму ги чека релативно лесен противник – Велс.
Токму на одлучувачкиот меч за Данска беше забележан навивач кој во рацете носи 12 пива, згора на тоа и хот-дог.
Видеото набрзо стана вирално, а посебно интересно е што не истури ниту капка од пивото.
За многумина ова е најдобриот потег досега на ЕУРО 2020:
Forget Ronaldo…
This is the performance of #EURO2020 ?? pic.twitter.com/ZcySOc4LuZ
— Samantha Quek (@SamanthaQuek) June 23, 2021