Top Sport

Драма во Минхен – Германија израмни, па веднаш доживеа нов шок

Иако очите на фудбалскиот свет се свртени кон Будимпешта каде Португалија и Франција по 3 пенали моментно играат 2-2, во Минхен за неколку минути два гола.

„Панцирите“ кои губеа од Унгарија се до 66 минута, во тие моменти преку Хаверц успеаја да стигнат до 1-1.
Уште избраниците на Јоаким Лев не успеаја да се израдуваат на погодокот, нов шок за нив.

Унгарците преку Шафер во 68 минута повторно се во предност, 2-1. „Заспа“ одбраната на германскиот национален тим, па играчот на Дунајска Стреда со глава го матираше Ноер.

Со овој резултат Унгарија е втора, а за Германија првенството е завршено.

Scroll to Top