Top Sport

Дзјуба, Белоти и Имобиле „заглавени“ во офсајд на ЕУРО 2020

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Русија, Артем Дзјуба и напаѓачот на „Азурите – Андреа Белоти се фудбалерите кои најчесто се наоѓаа во недозволена позиција на завршеното ЕП во фудбал.

И Русинот и Италијанецот по седумпати биле уловени во офсајд позиција.

Белоти настапи на 6 меча на турнирот, и во синоќешното финале влезе во игра продолженијата од натпреварот, па на ЕП помина 220 минути на теренот.

Од друга страна, Дзјуба иако настапи на само 3 натпревари, на тревникот помина 265 минути.

Трет на неславната листа е уште еден Италијанец кој баш и не се прослави на првенството – Чиро Имобиле. Тој шестпати беше во офсајд, а на ЕУРО одигра вкупно 447 минути.

Scroll to Top