Вчера попладне фудбалскиот свет беше свртен кон Копенхаген откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на мечот од првото коло против Финска во 43 минута.
Информациите кои пристигнаа од „Паркен“ беа дека Ериксен неколку минути беше клинички мртов, но медициснкиот тим успеа да го врати во живот.
Селекторот на Данска, каспер Хјумланд истакна дека Ериксен сега добро се чувствува и состојбата му е стабилна. Инаку мечот се доигра, а Финска со 1-0 ја совлада Данска.
„Мислам дека се чувствувате полошо од што се чувствувам јас, јас сум подготвен за тренинг со моците“ – ги пренесе селекторот зборовите на Ериксен.
Тој истакна дека и останатите играчи сега се чувствуваат подобро по информацијата дека Ериксен е добар.
„Кристијан е во добро расположение и играчите чувствуваат големо олеснување по сета неизвесност. Нема сомнеж дека беше лошо“ истакба Хјумланд.
Ериксен е во болницата во Копенхаген за комплетно да се опорави.