1-0 води селекцијата на Швајцарија по првите 45 минути на осминафиналниот дуел против Франција во Букурешт.
Швајцарците одлично ги покриваат скапите ѕвезди на Дидие Дешам, а голот на Сеферовиќ во 15 минута е единствениот во рамки на голот на Лорис.
Изненадувачки е фактот дека за 45 минути Мбапе и Бензема не упатија ниту еден удар во рамки на голот на Сомер.
Останува фаворитот да промени нешто во вториот дел и да ги изненади избраниците на Владимир Петковиќ.
54 наспротив 46 е процентот на посед на топката во корист на „петлите“.