Top Sport

Главоболки за Дешам – двајца фудбалери се повредија на денешниот тренинг

На денешниот тренинг на француската фудбалска репрезентација двајца играчи заработија повреди. Селекторот Дидие Дешам ќе има главоболки откако Томас Лемар и Маркус Турам предвреме го завршија тренингот.

Прво Турам со болна гримаса го напушти треннгот, откако се здоби со повреда на десната потколеница.

Веднаш по него настрада и Лемар. Тој се повреди при еден судир со резервниот голман, Мик Мањан. Лемар дури не можеше ниту самиот да оди, па лекарите од репрезентацијата му помагаа во тоа.


Франција синоќа одигра 2-2 против Португалија и како првопласирана ја заврши „групата на смртта“ на ЕП.

Во осминафиналето во недела од 21 часот во Букурешт „петлите“ одат на мегдан со селекцијата на Швајцарија.

Scroll to Top