Top Sport

Холандија ослабена во нокаут фазата

Фудбалската репрезентација на Холандија ќе биде ослабена во продолжение на Европското првенство. Напаѓачот кој ги брани боите на Севилја, Лук де Јонг го повредил коленото на вчерашниот тренинг и го напуштил кампот на националниот тим.

„Лалињата“ ги очекува меч од осминафиналната фаза против една од третопласираните селекции од другите групи на ЕП.


Де Јонг до сега одиграл 38 меча за Холандија, на ЕУРО2020 двапати влегувал како замена, против Украина и Австрија. Против Македонија немаше настап.

Холанѓаните со 3 победи во 3 меча го групната фаза го чекаат противникот од групите Д или Ф.

Scroll to Top