Дејан Ловрен го пропуштил тренингот на хрватската репрезентација во Ровињ и најверојатно нема да биде дел од тимот за Европското првенство, јавуваат хрватските медиуми.
Според „Индекс“ се работи за повреда на лигаментите на фудбалерот на Зенит Санкт Петерсбург, со која се мачеше и претходната сезона, и периодот на опоравување е до шест недели, предолго време за да се опорави пред ЕУРО 2020.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул има 64 настапи за Хрватска во кариерата, и беше дел од тимот кој освои сребро на Светското првенство во Русија во 2018 година.