Top Sport

Италијанците не успеаја да ја „скршат“ Австрија – ќе гледаме продолженија!

Италија не успеа да ги искористи своите шанси и својата позиција како фаворит во осминафиналниот дуел со Австрија, одигрувајќи 0:0, за први продолженија на ЕУРО 2020 по возбудливи регуларни 90 минути на „Вембли“ во Лондон.

Откако лесно ги добија првите три меча од групната фаза во Рим, Италијанците се намачија, посебно во второто полувреме со цврстата Австрија, која имаше и поништен гол на Марко Арнаутовиќ, како и неколку сомнителни ситуации за пенал во шестнаесетникот на Џиџио Донарума.

Чиро Имобиле ја погоди стативата во првото полувреме, во кое Италијанците беа убедливо подобри, но како што течеше мечот, така и Австријците се закануваа. Давид Алаба имаше убав обид од слободен удар, а потоа му асистираше на Марко Арнаутовиќ во 67. минута за гол, но тој беше поништен поради офсајд.

Италијанците имаа дури 18 удари на голот на Бахман во споредба со десет удари на Австријците.

 

Scroll to Top