Top Sport

Кејн: Тензијата пред финалето расте, но се уште ништо не сме освоиле!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн вели дека е свесен дека неговата екипа се уште ништо не освоила, но посочи дека по победата над Данска било невозможно да се задржи славјето.

Првпат во историјата „Гордиот Албион“ ќе игра во финале на ЕП.

„Тоа ќе е неверојатна можноста за нас. Многу сум горд што ги предводам овие момци без оглед на тоа дека создаваме историја и одиме на нашето прво финале. Како наближува мечот во недела , тензијата и возбудувањата се повеќе растат. Тоа ќе биде посебен ден, а ние мора да сме сигурни дека ќе бидеме на победничката страна. Тешко е со зборови да се опише оваа атмосфера која владее во Англија. Навивачите прават таква атмосфера што и вие тргнувате да пеете и се радувате заедно со нив. Секако дека сме свесни дека се уште ништо не сме освоиле и не чека голема борба во финалето“ порача Хари Кејн.

Scroll to Top