Top Sport

Кираљи е најстариот, а Вилемс најмладиот играч на едно ЕП

Европскиот шампионат започнува за два дена – вистонско време е да се потсетиме кој е највозрасниот, а кој најмладиот фудбалер кој настапил на едно ЕП.

Унгарскиот голман Габор Кираљи е најстар играч кој настапил на едно Европско првенство. Кираљи имаше 40 години и 86 дена кога во 2016-та година играше за својата држава во натпреварот од осминафиналето на ЕП против Белгија.

Претходно рекордот го држеше легендарниот Германец, Лотар Матеус кој настапи на ЕП во 2000 година против Португалија со со 39 години и 91 ден.

Најстариот играч, пак, кој освоил титула европски шампион е Португалецот Рикардо Карваљо. Тој во 2016. година со 38 години и 53 дена го поткрена пехарот откако Португалија во финалето ја победи Франција со 1:0.

Најстариот играч кој постигнал погодок на некое ЕП е Хрватот со австриски пасош, Ивица Вастич. Тој во 2008. година на мечот Австрија-Полска се запиша во листата на стрелци со 38 години и 257 дена.

Од друга страна, најмладиот играч кој настапил на едно Европско првенство е Холанѓанецот Џетро Вилемс. Тој во составот на „лалињата“ се најде со 18 години и 71 ден против Данска на ЕП во Полска и Украина.

Најмлад стрелец, пак, на европските првенства е Швајцарецот Јохан Фонлантен, кој на ЕП 2004. во натпревар против Франција постигна погодок со само 18 години и 141 ден.

Scroll to Top