Дефанзивецот на Манчестер сити, Ајмерик Лапорт тврди дека францускиот селектор Дидие Дешам ги игнорирал неговите СМС пораки пред тој да реши да настапува за Шпанија и покрај неговото француско државјанство.
Лапорт беше дел од У-17 и У-21 репрезентациите на Франција и првпат беше повикан во репрезентацијата во 2018 пред да се повлече поради повреда, по што воопшто не беше повикуван од Дешам, и на почетокот на годината реши да се префрли во шпанската репрезентација. Дешам по ова изјави дека не добил никаква порака од Лапорт и дека немало комуникација.
Сега, Лапорт тврди дека тоа е лага и дека никогаш не добил одговор од Дешам.
„Француската федерацијата знаеше за моите контакти со Шпанија од пред шест години. Но, не ми одговорија. Не сакам повторно да зборувам за тоа, но праќав пораки и недобивав одговори. Можеби Дешам го смени бројот, доби нов телефон. Не знам, но не добив одговор. Мислам дека не беше многу важно да ги информирам дека ќе ја сменам репрезентацијата. Не велам дека Франција не ме сакаше, но Шпанија се ‘обложи’ на мене и сакам да ја вратам таа доверба“, изјави 27-годишниот Лапорт.
Тој дебитираше за Шпанија на 4 јуни на пријателски меч на Поругалија и беше стартер на трите натпревари по групи на ЕУРО 2020, постигнувајќи еден гол при 5:0 победата над Словачка.