Top Sport

Луис ван Гал подготвен да ја „спасува“ Холандија

Легендарниот поранешен тренер на Ајакс, Барселона и Манчестер јунајтед, Луис ван Гал е подготвен да се врати од пензија за по третпат да стане холандски селектор по неславното испаѓање на „лалињата“ на ЕУРО 2020 и заминувањето на Франк де Бур.

69-годишниот Ван Гал не беше земен во предвид кога Роналд Куман замина во Барселона, и беше заменет од Де Бур, кој ги разочара навивачите со сменетата тактика и дефанзивната игра пред елиминацијата со 2:0 поразот од Чешка.

Ван Гал сега наводно на луѓето во холандската федерација им пратил порака дека „само треба да се јават“ за да ја преземе репрезентацијата пред квалификациите за Мундијалот во Катар. Ван Гал претходно не успеа да се квалификува со Холандија на СП во 2002 година, но во 2014 ги предводеше до полуфиналето во Бразил, кога загубија од Аргентина.

Ван Гал е во пензија по заминувањето од Манчестер јунајтед, иако следната сезона ќе се врати како тренер на холандскиот второлигаш Телстар, но само за еден меч. Ван Гал играше една сезона како фудбалер од среден ред во Телстар во 1977/78.

Scroll to Top