Top Sport

Македонија губи 2-0 во Букурешт

Македонија и Украина, во Букурешт, го играат натпреварот од второто коло во Ц-групата, на Европското првенство.

Укринците по 30.минути имаат предност од 1:0. По корнерот од левата страна, лошата поставеност на македонската одбрана ја искористи Јармоленко и од еден метар ја спроведе топката во голот на Димитревски. Три минути подоцна, Јармоленко му асистираше на Јаремчук, кој избегна офсајд и во ситуација „еден на еден“ со Димитриевски, погоди за 2-0.

Столе Димитриевски е најдобриот играч на Македонија во првите 30 минути. Голманот на Рајо Ваљекано, во 7.минута го спречи Малиновски да постигне гол, а во 28.минута му одбрани чиста шанса на Јармоленко.

Македонија, имаше една закани кон голот на Бишчан, во 16.минута обидoт на Елмас заврши крај голот.

Капитенот Горан Пандев постигна убав гол во 39 минута, но при додавањето кон него тој се наоѓаше во недозволена позиција:

Scroll to Top