Top Sport

Мбапе му бил љубоморен на Гризман?

Околу хаотичната атмосфера во француската репрезентација на ЕУРО 2020 се пишуваше и зборуваше многу, а сега „Л’Екип“ додава масло на огнот со тврдењето дека Килијан Мбапе е љубоморен на доминацијата на Антоан Гризман во репрезентацијата на Дидиде Дешам.

По драматичниот пораз на пенали од Швајцарија во Букурешт во понеделникот, прво се откри за неверојатната караница на трибините помеѓу родителите на Адриен Рабио, Мбапе и Пол Погба, а потоа се појавија и извештаи за меѓусебните навреди кои си ги дале и Погба, Рафаел Варан и Бенжамин Павар.

Сега, „Л’Екип“ тврди дека 22-годишниот Мбапе бил човекот кој најмногу се залагал за враќање на Карим Бензема во тимот, токму со цел да влијае на статусот на постојан репрезентативец на Гризман, кој пак од друга страна ја има поддршката од целиот тим.

Мбапе не успеа да импресионира на ЕУРО 2020 со ниту еден постигнат гол, а сега е на насловните по наводното одбивање да го продолжи договорот со ПСЖ.

Францускиот хаос не изненадува никого, но Дешам останува барем до 2022

Scroll to Top