Top Sport

Многу тактика на „Пушкаш арена“ – нема стоотстотни шанси

Со многу тактика и претпазливост се играат првите 45 минута на третиот осминафинален дуел на ЕУРО 2020, во Будимпешта на „Пушкаш“ арена меѓу Холандија и Чешка.

Воведните 20-тина минути „лалињата“ беа почесто пред голот на Вацлик, но во првото полувреме не упатија ниту еден директен удар во рамките на голот.

Од другата страна, Чешка стрпливо чека Патрик Шик да се ослободи од своите чувари и да стигне до четвртиот погодок на првенството.

Останува во вториот дел стрелците да ги надминат високите +31 степен Целзиусов во Унгарија и да ја доближат својата селекција поблизу до четвртфинале.

Scroll to Top