Откако невообичаено остана на клупата на стартот на мечот, Алваро Мората успеа да донесе израмнување на 1:1 на 10 минути пред крајот на полуфиналето на ЕУРО 2020 против Италија, покажувајќи дека го заслужува местото кое го добива во „фуријата“.
Италијанците ги казнија сите пропуштени шанси на Шпанија во 64. минута, кога Федерико Киеза успеа да го совлада Унаи Симон со прекрасен удар, по што Енрике реагираше и го повлече Феран Торес и го постави Мората во игра. Во одлична двојна шанса со Дани Олмо, Мората успеа да се ослободи од одбраната на Италијанците во 80. минута за да го совлада Донарума и речиси сигурно да предизвика продолжувања во Лондон.
GOAL! Alvaro Morata with a neat finish for Spain, great play too. 1-1 at Wembley. #ESP | #EURO2020 pic.twitter.com/qdsq8A02XO
— fangazzetta (@fangazzetta) July 6, 2021