Top Sport

На сите ЕП досега 9 – на ЕУРО 2020 дури 11 автоголови

Една од работите кои се белег на ЕУРО 2020 секако се автоголовите. На 50 меча досега постигнати се 140 голови, 11 од нив се автоголови.

Со автогол падна започна овој шампионат, на мечот Турција – Италија, стрелец беше Турчинот Демирал. Тоа беше првиот, а синоќа и (засега) последниот автогол, на капитенот на Данска, Кјаер.

Останатите кои влегоа во листата на стрелци на автоголови се: Лукаш Храдецки (Финска), Војчех Шчесни (Полска), Мартин Дубравка и Јурај Куцка (Словачка), Матс Хумелс (Германија) Рубен Диаш и Рафаел Гуереро (Португалија), Педри (Шпанија) и Денис Закариа (Швајцарија).

Еден од најатрактивните секако е оној на голманот на Словачка, Мартин Дубравка кој во одбојкарски стил ја затресе сопствената мрежа.

Scroll to Top