Холандија утре од 21 часот го игра првиот меч во групата Ц (во која се уште и Македонија и Австрија) против селекцијата на Украина. На еден ден пред почетокот на мечот селекторот на „лалињата“, Франк де Бур е во нови проблеми.
Од поодамна беше познато дека на ЕП нема да игра дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, а пред неколку дена поради повреда отпадна и играчот на Манчестер Јунајтед, Дони Ван Дер Бек.
Најновата неповолна вест за Холанѓаните е повредата на стоперот од Јувентус, Матијс де Лихт. Информациите од холандската репрезентација се дека барем на првиот меч Де Лихт нема да игра затоа што тој истегнал мускул на тренинг на со националниот тим.
Останува отворено прашањето колку младиот стопер ќе биде подготвен за дуелот со Австрија, но и со Македонија на 21 јуни во Амстердам.