Top Sport

Ојарзабал не се плаши од Италијанците

Шпанскиот напаѓач, Микел Ојарзабал, човекот кој го постигна одлучувачкиот пенал против Швајцарија во четврт-финалето на ЕУРО, ги предупреди Италијанците дека „фуријата“ не се плаши од никого и дека одат на титула.

„Мораме да веруваме во нашата идеја за фудбалот, и ако играме како што умееме, можеме да ги победиме сите. Италија има големи фудбалери и ќе биде многу тешко, бидејќи тие го покажаа своето ниво и се во добра серија, но истото важи и за нас“, вели фудбалерот на Реал Сосиедад.

Тој имаше одличен настап на ЕУРО досега, бидејќи постигна и гол против Хрватска во продолжението во осминафиналето и вели дека нема случајни работи во репрезентацијата.

„Ги проучуваме сите голмани и сите изведувачи на пенали. Работевме напорно и верувајте, ова не е лотарија, туку има многу работа зад успехот“, вели Ојарзабал.

Scroll to Top