Младиот талентиран фудбалер на Барселона, Педри денеска е во стартниот состав на Луис Енрике во осминафиналниот дуел против Хрватска на „Паркен“ во Копенхаген.
Иако по една вратена топка токму на Педри од 40-тина метри, во 20. минута голманот на „Фуријата“ – Унаи Симон несреќно интервенираше и си постигна автогол, сепак младиот играч ќе остане запаметен како најмладиот стартер во нокаут фазата на едно Европско првенство.
Со 18 години и 215 дена, Шпанецот стана најмладиот стартер во нокаут фазата откако претходно овој рекорд од 2004 година го држеше Вејн Руни со Англија. Руни беше во првиот тим на „Гордиот албион“ со 18 години и 244 дена.