Top Sport

ПРАВИЛА НА НАПТРЕВАРУВАЊЕТО SofaScore Pick’em

ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Целта на натпреварувањето е успешно да се погоди исходот на Европското првенство, односно, пласирањето на репрезентациите од групната фаза до финалето. Учесникот го потврдува својот избор со следните информации:

– Име.

– e-mail адреса.

– Потврда на возраста.

Дозволен е само еден избор по e-mail адреса, а во играта можат да учествуваат сите полнолетни натпреварувачи.

Натпреварувањето се оддржува во две фази, кои не се исклучителни, односно натпреварувачот може да ја освои главната награда и со влегување само во втората фаза.

Првата фаза почнува на 31 мај 2021 (во 12.00 часот), и завршува на 16 јуни 2021 година (во 15.00 часот). Во оваа фаза, натпреварувачите можат да го направат својот избор до почетокот на првиот меч од второто коло во групното натпреварување.

Втората фаза почнува на 24 јуни 2021 (во 12.00 часот), и завршува на 6 јули 2021 (во 18.00 часот). Втората фаза е шанса за натпреварувачите да направат нов избор, но само за нокаут-фазата на натпреварувањаето.

Учесниците од првата фаза имаат мала предност над учесниците во втората фаза, доколку имаат висок процент на погодени парови во групната фаза.

БОДУВАЊЕ

Бодување во групната фаза:

– За секоја погодена репрезентација која ја минува групната фаза = 1 поен.

– За погодување на позицијата во групата = 2 поени.

На пример: Ако погодите дека Хрватска ќе биде прва во групата, добивате 1 поен за пласманот на Хрватска во групната фаза и 2 поени за тоа што Хрватска го освоила првото место. Ова значи дека максимален број на поени за 100 отсто точност е 48 поени (16 тима кои се пласираат во осминафиналето х 3 поени).

Бодување во нокаут-фазата:

Од осминафиналето, поените се доделуваат според тоа дали точно се погодува победата на одреден тим, и не зависи од тоа дали е направена вистинска проценка според противникот со кој играат.

Пример: Учесникот прогнозирал дека Хрватска ќе игра против Полска во четврт-финалето и ќе победи. Ако Хрватска игра против Данска и победи, тогаш поените се осојуваат бидејќи тој успешно погодил дека Хрватска ќе го добие четврт-финалниот меч. Единствениот услов е Хрватска да биде на вистинската страна на турнирот.

Овој услов е важен за натпреварувачите кои почнале со игра во првата фаза. Ако имаат освоено голем број на поени во првата фаза и, на пример, само две промашени, двојките можат да бидат слични со осминафиналето со трансфер на поени од групната фаза за да немаат мала предност од тие кои се вклучуваат во втората фаза.

– Осминафинале – за секој погоден победник = 6 поени + бонус

– Четврт-финале – за секој погоден победник = 12 поени + бонус

– Полуфинале – за секој погоден победник = 24 поени + бонус

– Финале – за погоден шампион = 48 поени + бонус.

БОНУС ПОЕНИ:

– По крајот на групната фаза, Sofascore го пресметува „Пауер“ рејтингот за репрезентациите, и ги рангира од 1-16 (1 – најсилниот, 16 – најслабиот).

– Бонусот се дефинира на следниот начин:

– 0 – доколку рејтингот на победникот е поголем од рејтингот на поразениот (односно, ако победи фаворитот)

– 1-15, доколку победи аутсајдерот, се одзема рејтингот на фаворитот од рејтингот на фаворитот за да се добие бонусот. Пример: Македонија е 6-рангирана, Франција е 1-рангирана. Ако победи Македонија, бонусот е 5 (6-1).

„Пауер“ рејтингот ќе биде објавен како дел од правилата. Рејтингот пред стартот на нокаут фазата нема да се смени и ќе се однесува до крајот на шампионатот.

ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОБЕДНИКОТ

Победникот на натпреварувањето е натпреварувачот со најмногу поени.

Доколку има повеќе учесници со ист број на поени, победникот се одредува според TIME STAMP (времето на играње), односно предноста ја добива натпреварувачот кој прв ја направил прогнозата.

Организаторот на натпреварувањето ги пресметува поените по групната фаза и по финалниот меч.

Покрај учеството во наградната игра на „SofaScore Pick’em“ автоматски ќе учествуваат во натпреварувањето организирано од Sofascore за корисниците од целиот свет. Правилата се идентични, но има многу поголем број на натпреварувачи.

Победникот ќе биде контактиран преку email во период од 10 дена по крајот на Европското првенство.

Учесникот не може да ја смени наградата за пари, други продукти или услуги. Наградите ќе бидат пратени откако победникот ќе ги даде потребните информации.

КОРИСТЕЊЕ ПОДАТОЦИ

Организаторот ќе ги користи податоците само во текот на натпреварувањето и ќе ги избрише 40 дена по крајот на натпреварувањето. Учесникот има право да побара од Sofascore преку емаил адресата ([email protected]) бришење на податоците. Организаторот е должен да ги избрише податоците по 14 дена.

Sofascore го заддржува правото за поништување на натпреварувањето во случај на непредвидливи случки за кои Sofascore не е одговорна, или не можеле да видат предвидени, спречени, елиминирани или избегнати, во кој случај се откажуваат сите обврски кон натпреварувачите. Натпреварувачите ги прифаќаат правата и обврските од правилата.

Sofascore го заддржува правото да ги смени правилата, за што натпреварувачите ќе бидат известени навремено.

Во случај на спор помеѓу Sofascore и натпреварувачите, надлежен е Општинскиот суд во Загреб.

Scroll to Top