Хрватскиот фудбалски напаѓач, Анте Ребиќ кој не се прослави на ЕУРО 2020 на својот Инстаграм профил објави видео запис од мечот Шпанија – Хрватска и во него остро се пресмета со критиките, а се чини испрати прозивка и до селекторот Златко Далиќ.
На видео записот се гледа како Ребиќ излегува за да ги смени копачките кога Хрватска доби гол-аут, за време на прекинот на играта. Но не успеа да се врати пред Шпанија да постигне гол.
Поради тој потег, Ребиќ беше мета на многу критики од јавноста, но и од капитенот Лука Модриќ, како и од селекторот Златко Далиќ.
„Изборникот“ по завршувањето на ЕП за „коцкастите“ на прес-конференција рече дека некои играчи „ги потрошија своите кредити“, а можно е токму Ребиќ да е еден од посочените.
„После се, не е ниту битно кој е `виновен`, факт е дема последниве 2-3 години сме го.на, посебно ми е жал што немавме некој да ја искористи оваа талентирана генерација + двајца генијалци (Л и М) да направиме нешто (многу) повеќе на ова првенство…“ – порача Анте Ребиќ.