Top Sport

Саутгејт „изгорен“ од пеналите, ги терал играчите да тренираат

Англија повторно ќе се судри со Германија на ЕУРО 2020, и ѕвездата на Лидс јунајтед, Калвин Филипс открива дека селекторот Герет Саутгејт на првиот состанок на репрезентацијата зборувал за важноста на пеналите, за да се избегне нова елиминација во пенал-драма.

Англија загуби на пенали од Германија на Светското првенство во 1990 година и на ЕУРО 1996, кога токму селекторот Герет Саутгејт го промаши последниот обид. Сепак, победата на пенали над Колумбија на СП во 2018 година значи дека лошото минато треба да остане во минатото.

„На првиот состанок во Мидлзборо веднаш зборувавме за пеналите. Саутгејт ни покажа што сакаше да завршиме во тренинг-кампот за да се подготвиме за турнирот. Тој спомена дека речиси сите репрезентации кои стигнале до титулата, морале барем еднаш да играат на пенали. Секако, ни ги покажа и видеата од претходните испаѓања. Се надевам дека нема да одиме на пенали“, вели Филипс.

Scroll to Top