Top Sport

Се бара последниот четвртфинален пар на ЕУРО 2020 – дербито е на „Вембли“

Со натпреварите Англија – Германија (почеток во 18 часот) и Шведска – Украина (21 часот) ќе се заокружи осминафиналната фаза на ЕУРО 2020.

Дербито на оваа фаза од ЕП се игра денеска на „Вембли“. Иако двет селекции не воодушевија со нивните настапи во групната фаза, сепак се оекува добар и квалитетен меч во кој „Гордиот Албион“ е благ фаворит поради тоа што мечот се игра во Лондон.

Германија е поуспешна од Англија во меѓусебните дуели, има 15 победи, 13 порази и четири нерешени. На официјалните дуели, Германците по 1966 година, победија на три од петте меча на СП.

Во 21 часот на „Хемпден парк“ во Глазгов пласман во четвртфинале ќе бараат селкциите на Шведска и Украина.
Швеѓаните како победници во групата влегоа во осминафинале, ќе ја имаат фаворитската улога вечерва против избраниците на селекторот Андриј Шевченко кои како третопласирани во групата Ц (со победата против Македонија) влегоа во оваа фаза од ЕП.

Надежите на „трите круни“ се во најдобриот стрелец со три гола досега Емил Форсберг, но и одличните Александар Исак, односно Дејан Колушевски.

Кај Украинците први ѕвезди се капитенот Јармоленко и напаѓачот Јеремчук.

Scroll to Top