Top Sport

Шпанците едногласни: Ни недостасуваше капитенот Серхио Бускетс!

Капитенот на фудбалската селекција на Шпанија, Серхио Бускетс би можел да настапи на утрешниот меч што „Фуријата“ ќе го игра против Словачка во третото коло од групата Е на ЕУРО 2020.

Само победа Шпанците сигурно ги носи во осминафинале. И со еден бод би можеле избраниците на Луис Енрике да се „протнат“ во нокаут фаза, ама треба Полска да не ја победи Шведска во меч од истата група кој се игра во истиот термин.

Бускетс не ги играше првите два меча на Шпанија, во реми дуелите со Шведска односно Полска. Беше во изолација поради коронавирусот, а од петокот е меѓу соиграчите во селекцијата.

„Ни недостасува. Се обидовме да го надополниме неговото отсуство, но Серхио е клучен играч за оваа екипа и среќни сме што се врати“ рече дефанзивецот Сесар Аспиликуета.

Селекторот Енрике не потврди дали Бускетс ќе е во првата постава на утрешниот меч.

„Серхио е многу важен играч поради искуството кое го има на теренот. Тој е неверојатен капитен кој му помага на тимот. Сите знаеме колку е доминантен на средината на теренот, и дефанзивно и офанзивно“ наведе Аспиликуета.

На Словачка утре и е потребен бод против Шпанија за нокаут фаза. Тие имаат 3 на контото, по стартната победа над Полска по што доживеаја минимален пораз од Шведска.

Scroll to Top