Top Sport

Шпанија не искористи пенал против Словачка, Дубравка е херојот

Словачкиот репрезентативец Хромада стартуваше недозволено во шеснаесетникот на својата селекција на мечот против Шпанија во третото коло од групата Е на ЕУРО 2020.

Коке беше соборен во 10 минута. Судијата Кујперс по ВАР сигнализација покажа на белата точка, а одговорноста ја презема играчот на Јувентус, Мората.

Тој биеше десно високо во 12-тата минута, но голманот на Њукасл – Дубравка одлично интервенираше. Останува 0:0 Севилја, а Луис Енрике треба да е загрижен за тоа што ова е втор нереализиран пенал на „Фуријата“ на шампионатот.

Scroll to Top