Top Sport

Сомнителен пенал за Франција, Бензема носи 1:1 во 45+2

На полувреме во „групата на смртта“ – групата Ф, Франција во 45+2 израмнува на 1:1 и тоа со вториот пенал досуден од Шпанецот Лахос.

Иако пеналот од кој Роналдо погоди во 30 минута речиси и да беше чист, сепак, во 45 минута шпанскиот арбитар покажа на белата точка овојпат во корист на „триколорите“.

Мбапе беше во напад, дефанзивецот на Португалија, Семедо имаше минимален контакт со него, доволен за арбитарот да покаже на белата точка. Стигна и потврда од ВАР.

Бензема ја искористи можноста и погоди лесно покрај Руи Патрисио.

На останатиот меч од оваа група, по првите 45 минути Германија во Минхен губи со 1-0 од Унгарија.

Scroll to Top