Top Sport

Томас Милер и повреден сака да игра против Англија

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Германија, Томас Милер (31) изјави дека иако влече повреда на коленото, сака во вторник да игра против Англија во осминафиналето на ЕУРО 2020.

„Немав никакви проблеми на денешниот тренинг. Повредата на коленото нема да ме спречи да заиграм. Имам доволно искуство и знам како да се носам со тоа. Сигурен сум дека во вторник нема да имам проблеми“ вели Милер.

Во групната фаза напаѓачот на Баерн Минхен против Франција и Португалија одигра цели натпревари, додека во третото коло против Унгарија во игра влезе во 67 минута.

Милер и голманот Мануел Ноер се единствените играчи во двете селеквии кои пред 11 години играа во осминафиналето на СП 2010 кога Германија ја доби Англија со 4-1, а Милер постигна два гола на таа средба.

„Мечот кој не чека во вторник нема никаква врска со тоа што се случи пред 11 години, единствено што ме врзува за тој меч се убави сеќавања“ истакна Милер.

Scroll to Top