Тројца членови на тв екипата на Раи спорт која ги следи италијанските фудбалски репрезентативци на ЕУРО2020 се позитивни на коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми. Двајца од нив веќе отпатувале во Лондон, додека третиот го следел националниот тим во кампот во Италија.
Италијанскиот фудбалски сојуз веднаш ги затворил вратите на кампот, а прес-конференцијата која беше планирано да се одржи во живо, ќе се одвива на интернет.
„The Guardian“ пишува дека играчите не се загрижени затоа што сите се вакцинирани, но сепак целата селекција веднаш е испратена на тестирањње за да се дознае дали заразата се проширила и во екипата.
Репрезентацијата на Италија според плановите утре во 11 часот ќе отпатува кон Островот, додека тв Раи спорт е во проблеми затоа што мора да го замени коментаторот и неговиот асистент кои во Лондон добија позитивен тест.