Top Sport

Заврши ЕУРО за Белгиецот Кастањ – има двојна скршеница на главата

ЕУРО 2020 не започна баш најдобро. Иако шампионатот беше поместен од 2020 за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот, сега, уште на стартот, во првото коло од групата Б светот виде страшн сцени во Копенхген. Кристијан Ериксен за миг и побегна на смртта.

Неубави сцени видовме и на синоќешниот меч во Русија, меѓу домаќинот и Белгија.

Бекот на Лестер кој го носи дресот на „црвените ѓаволи“ – Тимоти Кастањ мораше да го напушти теренот во 27 минута откако се судри со рускиот репрезентативец Далер Кузјаев. Судирот со главите беше силен, а Кастањ помина многу полошо од Кузјаев.

Белгиецот има скршеница на очната шуплина, силно крвареше, а по оваа повреда за него ЕУРО е завршено.

„Навистина лоши вести, многу сум тажен што ќе останеме без Тимоти до крајот на првенството. Извршено е снимање, има двојна скршеница и сега ќе мора на лекување“ изјави селекторот Роберто Мартинез.

Победата на Белгија од 3-0 е во сенка на повредата на дефанзивецот.

Scroll to Top