Top Sport

„Зборнаја“ се враќа во игра по минималниот триумф над Финците

На искуство репрезентацијата на Русија попладнево ја победи Финска со 1-0 во рамки на второто коло од групата Б на Европското првенство.

Миранчук во последните моменти од првиот дел постигна убав гол доволен за „Зборнаја“ да ги освои првите бодови во групата по стартниот пораз од Белгија со 3-0 во Санкт Петерсбург.

Поседот на топката беше поголем кај Русите, упатија и повеќе удари кон противничкиот гол, но малку беа оние што одеа директно во рамките од голот на Храдецки.

Од друга страна, Финците по старното изненадување и трите бода на оној чуден меч со Данска денеска не успеаја да го изненадат фаворитот на мечот.

Натпреварот е во сенка на уште една голема повреда на Евро-шампионатот.

Во 25 минута натурализираниот руски репрезентативец Марио Фернандес лошо падна и тешко се повреди, па на носилки мораше да биде изнесен од теренот.

Утре од 18 часот се игра останатиот меч од ова коло меѓу Белгија и Данска.

Scroll to Top