Италија е европски шампион, првпат по 1968 година и тоа по драматичната победа над Англија на пенали.
Фудбалерот на Челси – Жоржињо вели дека „планирал“ да го промаши својот удар.
Во петтата серија Жоржињо можеше да и го донесе трофејот на Италија уште пред младиот Сака да стигнеше на ред да го изведе ударот од белата точка. Сепак, англискиот голман Пикфорд со голема доза среќа успеа да го скроти ударот.
„Тоа е се планирано. Знаев дека Донарума ќе го одбрани следниот удар“ на шега рече Жоржињо кој е во иделаните 11 на првенството во изборот на УЕФА.
„Секогаш давам се од себе за тимот, но за жал, некогаш тоа не е довволно. На крајот го промашив пеналот и во тој момент цел свет се сруши околу мене. Сакав да бидам тој кој на Италија ќе и ја донесе титулата, но за среќа, го имаме овој феномен меѓу стативите кој ме спаси“ рече Жоржињо.