Голманот на грчкиот прволигаш ПАС Ламија, Никос Пападопулос доби суспензија од пет меча откако го гушна судијата по крајот на мечот со Панаитоликос.
Пападуполос беше пресреќен откако Ламија постигна гол за израмнување на 2:2 во 97. минута против Панаитоликос, што го гушна и го бакна судијата Јоанис Неофатијадис. Овој не реагираше најдобро на овој гест на голманот и му покажа црвен картон на Пападопулос пред да означи крај на натпреварот.
Според грчкото радио „Спорт ФМ“, дисциплинската комисија одлучи да му даде казна од пет меча за „навреда“ на судијата. За жал овој „престап“ не е фатен на видеото.