По одигрувањето на петтото, претпоследно коло, во фазата по групи во Лигата на шампионите, 12 тимови изборија пласман во нокаут фазата. Патот во Лигата на шампионите ќе го продолжат Реал Мадрид, Рома, Баерн, Ајакс, Манчестер сити, Лион, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Порто и Шалке.
Некои од овие екипи ќе завршат на првото место во своите групи, то значи дека во осмина-финалето реваншот ќе го играат на домашен терен. Од дргуа страна, во Ц-групата, која и пред почетокот на Лигата на шампионите беше наречена „група на смртта“, ниту еден тим не е сигурен за наредната рунда.
Наполи е прв во оваа група со девет бода, еден помалку има ПСЖ, Ливерпуле на шест, а Црвена ѕвезда на четири бода. Во последното коло Ливерпул ќе го пречека Наполи, а ПСЖ ќе гостува кај Црвена ѕвезда.
Неизвесно, но во борба за втората позиција е во Ф-групата. Во последното коло Шахтјор и Хофенхјам ќе решат кој ќе продолжи во Лигата на шампионите, а кој во Лига Европа.
Првите осмина-финални натпревари ќе се играат на 12, 13, 19 и 20.февруари, а реваншите на 5, 6, 12 и 13.март 2019 година.
CONFIRMED: Teams that have qualified for the 2018/19 Champions League knockout stage:
☑️ Atlético Madrid
☑️ Ajax
☑️ Barcelona
☑️ Bayern Munich
☑️ Borussia Dortmund
☑️ Juventus
☑️ Porto
☑️ Manchester City
☑️ Manchester United
☑️ Real Madrid
☑️ Roma
☑️ Schalke pic.twitter.com/voeLrGGSuR— Squawka News (@SquawkaNews) November 28, 2018