Манчестер јунајтед потпиша договор со голманот на резервниот тим Кеиран О’Хара. Голманот кој потекнува од Северна Ирска има 21 година и досега настапувал само за резервниот тим на „црвените ѓаволи“.
Манчестер јунајтед со овој потег покажува дека во иднина сериозно ќе смета на услугите на О’Хара.
„Многу сум среќен што потпишав нов договор и знам дека ова е вистинското место за мене каде ,ожам да ја градам својата кариера“, рекол О’Хара за клупската страница.
You could say this guy is a keeper… ?#MUFC are delighted to announce that @KieranOHara_ has signed a new contract with the club. Congrats, Kieran!
Full details: https://t.co/IsgJg5V5GK pic.twitter.com/x8p2z0Cv7I
— Manchester United (@ManUtd) December 20, 2017