Јувентус, од вчера, се вклучиле во трката за потписот на Ерлинг Халанд. Челниците на клубот од Торино ќе се обидат да им ги расипат сметките на колегите од Манчестер Јунајтед, во чии редови веќе беше „виден“ тинејџерт од Норвешка.
Водечките италијански спортски медиуми тврдат дека Јувентус наскоро ќе го реализираат траснферот на Халанд. Клучен играч во приказната бил контроверзниот менаџер Мино Рајола кој ги застаува интересите на 19 годишникот.
Во фудбалскиот свет не е тајна дека Рајола има одлични релации со Јувентус што не е не може да се каже за Манчестер Јунајтед.
Медиумите на Апенините објавија и детали од договорот. Халанд би потпишал пет годишен договор, би заработувал по сезона 3,5 милиони евра, а неговиот клуб Салцбург од обесштетувањето би добил 30 милиони евра.
Italian media reporting that Haaland is very close to joining Juventus after meetings with Raiola. €30 mill to RB Salzburg + €3.5 mill to the player pic.twitter.com/Wqu8uwfPLU
— hash (@hashim0307) December 24, 2019