Големиот скандал во Турција околу фудбалските судии кои имаат налози во обложувалници доби епилог. Турската фудбалска асоцијација суспендираше 149 судии поради поседување налози за обложување.
Неодамна беше откриено дека од 571 фудбалски судии во Турција, дури 371 имаат налози за обложување. Од нив, 152-ца се активни.
Казните за овој прекршок се суспензија помеѓу осум и 12 месеци. Турската фудбалска асоцијација сè уште ги истражува тројцата преостанати судии кои имаат активни налози за обложување.
„Ова е морална криза на турскиот фудбал. Нема пофундаментална структура и јадро во турскиот фудбал од етичката. Прашајте било кој судија дали некогаш платата му доцни. Ако тоа не е точно, веднаш ќе поднесам оставка. Ги зголемивме платите, ги подобривме условите за судиите“, рече претседателот на Фудбалската асоцијација на Турција, Ибрахим Хаџиосманоглу.
