Минатата недела медиумите објавија дека Кристијано Роналдо добил понуда од Јувентус да го продолжи договорот до 2024 година. Трансферот на Роналдо се покажа како пол погодок за „страта дама“, така што понудата за нов договор не е изненадување иако Португалецот има 35 години.
Денес италијанските медиуми шпекулираат дека Роналдо ќе ја одбие понудата од Јувентус бидејќи планирал кариерата да ја продолжи во САД, во МЛС лигата.
Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2021 година, а потоа планирал да оди преку барата. Доколку се реши на ваков чекор, јасно е дека неговата следна дестинација ќе биде клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.