Последниот круг на тестирања на фудбалерите и членовите на стручните штабови, откриле 18 заразени од вирусот Ковид-19, соопштија од Премиер лигата.
Тестирањата биле извршени од 21. до 27.декември. Вкупно биле тестирани 1.479 фудбалери и членови на стручните штабови. 18 лица биле позитивни и сите биле испратени во изолација.
Поради коронавирусот синоќа беше одложен натпреварот помеѓу Евертон и Манчестер сити. Тој дуел е втор, кој од почетокот на сезоната е одложен поради коронавирусот. Прв натпревар кој го одложи опасниот вирус, беше дуелот помеѓу Астон Вила и Њукасл.
Англичаните не ја исклучуваат можноста поради ситуацијата во Манчестер сити, да биде одложен и нивниот натпревар со Челси на 3.јануари, но и полу-финалето во Лига купот со Манчестер јунајтед на 6.јануари.