Top Sport

18 секунди го делеа Араухо од трансфер во Барселона

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не ја прифати жалбата на Барселона во врска со трансферот на дефанзивецот на ЛА Галакси, Хулијан Араухо.

Каталонците го договорија доаѓањето на мексиканскиот десен бек за да го надоместат заминувањето на Ектор Белерин во Спортинг. Трансферот сепак не беше реализиран.

Барселона доцнеше 18 секунди да ја достави целата потребна документација до ФИФА, поради што остана без Араухо. Тие се жалеа дека поради компјутерска грешка не ја доставле докуменатцијата на време, но ФИФА ја одби жалбата.

Не е познато дали Барселона ќе се врати по Араухо во летниот преоден рок.

Scroll to Top