Top Sport

18+ страницa му нуди спонзорство од 100 милиони евра на Интер

Интер, во финалето во Лигата на шампионите ќе игра без истакнат спонзор на дресот. Интер без спонзор го одигра и полуфиналниот двомеч со градскиот ривал Милан.

Интернет страница за возрасни сака да ја искористи оваа можност да се позиционира на градите на фудбалерите на миланскиот клуб и со тоа подобро да се претстави, во натпревар кој со нетрпение го очекува целиот свет.

На адреса на Интер стигнала понуда вредна 100 милиони евра.

Спонзорот кој се наоѓаше на видно место во дресот на Интер беше отстранет откако неколку пати не ги исполни обврските.

Ја спонзорираше и Рома, но од иста причина не го рекламираат ниту фудбалерите од Рим.

Интернет-страница со порнографска содржина сега се обидува да ја пополни празнината. Нејзините планови за спонзорство на клубот се наводно долгорочни, па таа на клубот му нуди 100 милиони евра за таа позиција на дресот до летото 2029 година.

Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра во Истанбул на 10 јуни, а Манчестер Сити ќе му биде противник на Интер.

За финалниот меч, во Интер размислуваат на градите да стават реклама на хуманитарна организација.

Scroll to Top