Top Sport

22 години од легендарниот гол на Роберто Карлос (Видео)

Пред 22 години Роберто Карлос постигна еден од најпознатите голови во фудбалската историја.

Жртвата на Карлос беше Франција и голманот Фабијан Бартез. Натпреварот се одигра во Лион. Топката по неговиот удар има таква патека што за момент може да си помислите дека нема шанси да влезе во голот.

Голот е толку неверојатен што дури и научниците по физика се занимаваа со него.

„Преубав гол. Вакво нешто бара многу тренинг и напорна работа. Сиот тој труд ми се исплатеше, постигнав гол кој влезе во историјата. Никогаш не се обидов да го повторам, знаев дека втор пат нема да ми успее. Можеби ќе му успее на некој друг во иднина. Задоволен сум што јас сум првиот“, рекол неколку години подоцна славниот Бразилец.

Scroll to Top