Top Sport

Чилаверт: Марадона нема ниту еден отсто од она што го освоил Меси

Легендарниот Парагваец Хозе Луис Чилаверт смета дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот и дека Диего Марадона не може да биде во иста реченица со него.

Чираверт и Диего Марадона долго време не се во добри односи поради тоа и не му е тешко да одговори кога ќе го прашаат кој е најдобриот фудбалер во светот.

„Меси, без сомнение. Марадона нема ниту еден отсто од она што го освоил Меси“, рекол Чилаверт.

„Аргентинците треба да му се заблагодарат што одбра да игра за нивната земја, а не за Шпанија“.

Scroll to Top