Top Sport

19 годишен Бразилец нов играч на Барселона

Густаво Маиа, 19 годишен бразилски фудбалер од Сао Паоло доаѓа во Барселона. Клубот од „Ноу Камп“ за неговиот трансфер издвои 4,5 милиони евра. Сао Паоло ќе добие 30 отсто од наредниот транфер на талентираниот фудбалер.

Скаутите на Барселона го забележале младиот фудбалер на еден турнир во Бразил. Крилниот напаѓач ќе го напушти Сао Паоло без ниту еден одигран натпревар во првиот тим.

Според шпанските медиуми Барселона во првата сезона ќе го позајми Маиа во некој помал клуб.

Барселона претходно за наредната сезо а го донесе Миралем Пјаниќ од Барселона.

Scroll to Top