Top Sport

„2 милијарди украдени – Глејзери во аут“, побараа навивачите на Јунајтед

Еден ден откако лутите навивачи на Манчестер јунајтед го запалија американското знаме пред „Олд Трафорд“, навивачите на „ѓаволите“ ја продолжија војната против газдите, семејството Глејзер, откако изнајмија авион пред мечот Лидс-Јунајтед со порака: „2 милијарди украдени – Глејзери во аут“.

Џоел Глејзер, еден од ко-сопствениците на Јунајтед, се извини на навивачите по обидот да ја формираат Европската Суперлига, но неговиот брат Аврам Глејзер, според британските медиуми одбил да прави било какви потези за помирување со навивачите, откако од клубот замина потпретседателот Ед Вудворд.

Scroll to Top