Top Sport

Трофејот од Евро 2020 едвај ја „преживеа“ посетата на Романија

Трофејот „Анри Делоне“, попознат како трофејот кој се доделува на шампионите на Европското првенство, имаше неславна посета на Романија, откако во живо на ТВ се стркала по подот во засрамувачки момент за Романската фудбалска федерација.

Трофејот, за кој ќе се бори и Македонија, и тоа со два меча во Букурешт, беше во посета на еден од градовите домаќини, но зад него беа поставени панели, кои силниот ветер ги турна директно на трофејот.

По брзата реакција, трофејот повторно беше поставен во иста позиција. Трофејот инаку ќе биде кренат по финалето на „Вембли“ на 11 јули.

Scroll to Top