Top Sport

20 илјади фанови на Барса му посакаа добредојде на Де Јонг (галерија)

Новото засилување на Барселона, Френки де Јонг беше пречекан од 20-тина илјади навивачи на „Ноу Камп“, шест месеци откако се согласи на трансфер вреден 75 милиони евра од Ајакс кај шпанските шампиони.

22-годишниот Холанѓанец постојано го бакнуваше грбот на клубот додека беше на теренот откако претходно призна дека му се остварил сонот од детството.

„Да се носи дресот на Барселона првпат ме прави да се чувствувам многу горд“, изјави Де Јонг.

Тој беше клучен фудбалер на Ајакс, кои минатата сезона ја освоија двојната титула во Холандија, а ги елиминираа и Реал Мадрид и Јувентус на патот до полуфиналето во Лигата на шампионите (каде што загубија од Тотенхем).

Де Јонг, кој потпиша петгодишен договор ја засилува врската на Барса со холандскиот фудбал, која започна во 1973 година со потписот со Јохан Кројф, човекот кој го смени клубот како фудбалер и како тренер.

Scroll to Top