Top Sport

„2018 одлучив да се преселам во Реал“

Еден Азар открил дека по Светското првенство во Русија решил кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Планот го оствари летово кога за 100 милиони евра го напушти Челси и пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.

„Решив веднаш по Светскоот првенство, си реков дека е време за Реал“, открил Белгиецот кој во 2018 година ја предводеше својата репрезентација до третото место.

„Не беше возможно тоа веднаш да се оствари поради што уште една година останав во Челси. Тоа само го направи полесно моето заминување. Клубот покажа разбирање и ми дозволи да заминам. Секогаш сонував да играм за Реал, тоа е најголемиот клуб во светот. Куртоа секогаш ми го зборуваше тоа“.

Азар досега за Реал има постигнато само еден гол на седум одиграни натпревари.

Scroll to Top