Top Sport

21 година од епскиот пресврт на Манчестер Јунајтед (Видео)

Секоја година на 25 и 26 мај фудбалскиот свет се потсеќа на двата најлегендарни финални натпревари во Лигата на шампионите. Вечра се навршија 15 години од неверојатниот пресврт на Ливерпул против Милан во Истанбул, а денес се навршија 21 година од епскиот пресврт на Мначестер Јунајтед против Баерн Минхен.

На стадионот „Ноу Камп“ во Барселона, Баерн имаше резултат, ја котролираше играта и две минути го делеа од европската титула. Баерн водеше од шестата минута со голот на Марио Баслер од слободен удар.

Германските навивачи во 91 минута започнаа да слават кога на сцена стапија џокерите на Алекс Фергусон, Теди Шерингам и Оле Гунар Солскјер.

Во 91 минута по корнерот на Бекам, Гигс упати лош удар кон голот на Кан, меѓутоа на патот до голот топката ја допре Шерингам и го израмни резултатот.

Англичаните кои беа на работа на бездната не се задоволија со продолженија, тргнаа во нов напад. Изборија нов корнер. Повторно Бекам нафрли, а по обидот на Шерингам нога подметна Солкјер кој на својот тим му ја обезбеди втората титула европски првак во клупската историја.

Финале ЛШ 26 мај 1999, состави

Манчестер Јунајтед: Шмајхел – Ирвин, Стам, Јонсен, Гери Невил – Бломквист (Шерингам), Бат, Бекам, Гигс – Кол (Солскјер), Јорк

Баерн: Кан – Куфур, Матеус (Финк), Линке – Тарнат, Јеремис, Ефенберг, Бабел – Циклер (Шол), Јанкер, Баслер (Салихамиџиќ)

Scroll to Top